Култура|

Во Кино Фросина во Младинскиот културен центар се одржа годишен концерт на ученици од основните општински училишта што се добитници на стипендија за култура.

Проектот „Најдобрите таленти од Центар“ претставува музичко-сценки перформанс за претставување на младите таленти од областа на современиот и класичниот танц, музичката и филмската уметност и литература. Целта на овој културен настан е да се стимулираат уметничкото творештво и изразување на младите во Општина Центар и да се промовираат нивните  успеси и меѓународни признанија во областа на културата.

„Секоја година се зголемува бројот на стипендисти во областа на културата и тоа говори за континуираното вложување и поддршка на Општината на програмите и проектите што ги промовираат културните вредности во образовниот процес. Општината и понатаму ќе биде партнер на младите и промотор на културни настани што овозможуваат поддршка и простор за најдобрите таленти во Центар“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Добитници на стипендија се ученици што имаат постигнато први места на државни и на интернационални натпревари во областа на културата во повеќе категории, во согласност со објавениот оглас за доделување стипендии во Општина Центар за 2023 година.

Comments are closed.

Close Search Window