Општина Центар повторно го рестартираше функционирањето на одбојкарскиот клуб ОК „Работнички Скопје 71 & 22“. Цели 13 години клубот беше неактивен, а по поддршката од општината клубот почна да носи позитивни резултати.
„Големо е задоволството да гледаш како еден клуб повторно изгрева и запишува нови победи. ОК „Работнички Скопје 71 & 22“ веќе почна да освојува, сениорите од Прва државна лига со учество во плејоф го освоија ЧЕТВРТОТО место. ШАМПИОНИ станаа во Јуниорска конкуренција 2004, освоија ВТОРО место Кадетско првенство и ШЕСТИ се во пионерската лига. Им посакувам големи успеси и полни трибини“, изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Екипата на „Работнички Скопје 71 & 22“ има репрезентативци во сите категории: Сениори, Јуниори, Кадети и Пионери. Општина Центар ги повикува сите заинтересирани млади луѓе да му се приклучат на клубот со цел заедно да освојуваат уште поголеми достигнувања и признанија.