Прес|

Комуналните служби сеуште се на терен и активно ги празнат контејнерите од сите населби во Центар. Хигиеничарите излегоа со целата механизација, а беше ангажирана и надворешна механизација и камиони за подигнување на контејнери. Градоначалникот Горан Герасимовски кој прв најави самоиницијативно чистење во општината зборуваше за денешната акција на МРТВ напоменувајќи дека не се сеќава кога Скопје било доведено во ваква или слична состојба.

„Сеуште се на терен нашите служби. Слушнавме дека во текот на денот е постигнат договор со вработените од ЈП „Комунална хигиена“ и верувам дека и тие ќе се вклучат на терен за да оваа ситуација се стабилизира. Во текот на денешниот ден имавме итна седница за развој на скопскиот плански регион каде што заедно со моите колеги градоначалници од Градот Скопје разговаравме за ситуацијата и акциите за чистење кои сами ги организиравме. Нашите хигиеничари во Центар остануваат да чистат и во втора смена за што им упатувам искрена благодарност“, рече Герасимовски.

Герасимовски во МРТВ рече дека во Општина Центар покрај собирањето смет комуналните служби под силен млаз од цистерната на ЈП „ПОЦ“ го миеле и просторот околу контејнерите од каде се ширела силна и непријатна миризба.

Неодамна комуналните служби имаа слична акција кога целосно го исчистија Паркот на новинарите кој поради диво населени бездомници беше претворен во мала депонија.

Comments are closed.

Close Search Window