Одлука за избор на станбени објекти во делот за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар
Врз основа на јавниот повик бр. 09-2396/1 од 08.05.2023 година за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар, објавен во дневен весник Слободен Печат и Вечер и на веб страната на Општина Центар – Скопје и спроведена постапка во согласност со Јавниот повик бр. 09-2396/1 од 08.05.2023 година за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар, како и во согласност со Записникот од Комисијата формирана за избор на станбени објекти за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар со бр.09-2396/3 од 13.07.2023 година година, се врши избор за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар за следните објекти :
Поправка и санација на постоечки лифтови
- ул.Народен Фронт бр.7/1
- ул.Николе Тримпаре бр.18/1
- бул.Св.Климент Охридски бр.29
- ул.Истарска бр.33/2
- ул. Дебарца бр.17
- ул.Св Кирил и Методиј 38,
- ул.Народен Фронт 23 блез 5
- ул 11-ти Октомври бр.38
- ул.50-та Дивизија бр.35
- ул.Коста Кирков бр.3/1
Поправка и санација на постоечки кровни конструкции
- ул.Народен Фронт 23,влез 5
- ул.Христо Смирненски бр.48 влез 1 и 2