Активности|

Зелена проодна тераса за јавна употреба на објектот Рамстор и Кам Маркет се планира во новиот ДУП за Стара Железничка. Новиот ДУП исто така предвидува нови велосипедски и пешачки патеки и нови подобрени сообраќајни решенија.

Во новото планското решение направени се измени во рамки на градежните парцели, по барања на граѓаните во анкетните листови доставени за време на јавните анкети. Измените се однесуваат на катноста и висините на дел од градбите. Со тие измени направено е зголемување на вкупната бруто површина на ниво на градска четврт за само 10%. Станува збор за израмнување на висината на постојните објекти Рамстор и Кам Маркет со висина дефинирана според венецот на постојните изградени објекти долж истиот уличен фронт.

За сметка на доградбите и зголемувањето на процентот на изграденост, инвеститорите на двете парцели (Кам и Рамстор) се обврзуваат да изведат зелени проодни кровни тераси. Истите се прават со цел да го зголемат процентот на зеленило на ниво на градската четврт и треба да се достапни за јавна употреба. За да се реализира целосно дозволената бруто површина за градба задолжителен услов е и да го обезбедат неопходниот број на паркинг места во рамките на сопствените парцели.

Имајќи ја во предвид комплексноста на локалитетот од сообраќаен аспект, во овој ДУП се внесени измените што произлегуваат од одобрените основни сообраќајни и инфраструктурни проекти. Нанесено е решението одобрено од Град Скопје со кое детално се разработени кружните крстосници како и трасата на подземната сообраќајница (Булевар Македонија). Дефинирани пешачки и велосипедски патеки и предвидена е изградба на паркинг простори за велосипеди и тротинети на отворена и на затворена јавна површина.

Измените на ДУП-от ги добија сите согласности и позитивни мислења од надлежните институции вклучувајќи го и Град Скопје кој е надлежен за контрола дали планот е во согласност со ГУП-от.

Comments are closed.

Close Search Window