Активности|

Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги повикуваат граѓаните да пријават проблем со Јавната чистота или кастрењето дрвја во нивното маало. На телефонскиот број 076350767 или преку порака на viber или whats up граѓаните може да испратат и фотографии за точна локација и проблемот кој го посочуваат. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски смета дека овој начин на комуникација ќе биде брз и ефикасен во решавањето на потребите на граѓаните.

„Општина Центар и ЈП „ПОЦ“ се секојдневно на терен, ги мијат улиците, поткаструваат гранки и ја одржуваат јавната чистота. Но доколку некои граѓани имаат потреба службите да интервенираат на конкретна локација тоа може да го пријават или испратат порака со фотографија со цел екипите да видат за што станува збор и побрзо да реагираат“, смета Герасимовски.

Од минатата недела цистерната на ПОЦ секојдневно ги мие улиците и контејнерите наутро и попладне со цел да ја отстрани непријатна миризба околу контејнерите и ги освежи улиците од насобрана прашина. Во општината службите продолжуваат и со чистење на детските игралишта со цел да ја издигне хигиената на повисоко и завидно ниво.

Comments are closed.

Close Search Window