Врз основа на член 22 став 1 точка 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 17/22), Општина Центар-Скопје објавува
КОНКУРС
за финансирање проекти – воннаставни активности за ученици,
наставници и родители во учебната 2023-2024 година
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Општина Центар дава финансиска поддршка на здруженија за реализација на проекти – воннаставни активности за ученици, наставници и родители во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта на Општина Центар-Скопје на тема:
БУЛИНГ (Врсничко насилство) во основните училишта
Право на учество во Конкурсот имаат здруженија на граѓани и други организации од областа на образованието што ги исполнуваат условите на Конкурсот.
УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
За да учествуваат во Конкурсот, подносителите на проектите/активностите треба да ги исполнуваат следниве услови и критериуми:
- Здружението да е регистрирано на територија на град Скопје.
- Здружението претходно да реализирало проекти од оваа област и да може да го докаже тоа.
- Со проектот да се опфатени сите општински основни училишта на територија на Општина Центар.
- Проектните активности да се реализираат во периодот од август до декември 2023 година.
- Проектните активности да ги реализираат обучувачи – универзитетски професори од следниве области:
- Доктор по социолошки науки (од областа на социологијата на општествени девијации)
- Доктор по социјална работа и социјална политика
- Доктор по педагошки науки (од областа на методика на воспитна работа)
- Доктор по специјална едукација и рехабилитација
- Доктор по безбедносни науки (од областа на кибербезбедност)
- Доктор по психолошки науки (од областа на педагошка психологија и психологија на образование)
- Обучувачите да имаат претходно искуство со обуки за булинг – врсничко насилство
- Проектот да предвидува рамномерна старосна и родова застапеност
- Да се достави финансиски план за потребните средства за реализација на проектот.
ПРАВО НА УЧЕСТВО
На Конкурсот може да се пријавуваат здруженија на граѓани и други организации од областа на образованието, со регистрирани седишта во град Скопје.
КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ
– Во проектот да се вклучени стручни кадри предвидени во условите за конкурирање;
– Да има добро формулирани цели и резултати од имплементацијата на проектот;
– Да содржи план за вклученост на заедницата во реализацијата на проектот;
– Да содржи план за евалуација на активностите.
КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
Проектите ги разгледува стручна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје.
НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на проектите се врши со доставување пријава. Конкурсот и пријавите ќе бидат објавени на интернет-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).
Пријавите може да се пратат до Општина Центар-Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје или да се поднесат во архивата на Општината најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
– Пријава за Конкурс со детален опис на проектот и план на активности (аплицирање, изготвување сопствена пријава);
– Портфолио на подносителот на проектот;
– Биографии на лицата вклучени во проектот;
– Решение за регистрација или тековна состојба не постара од шест месеци на здружението/организацијата (за здруженија и клубови);
– Потврда за активна ТРС.
ПОСТАПКА ВО ВРСКА СО ЈАВНИОТ ПОВИК
Пријавите доставени по завршувањето на Конкурсот и нецелосно пополнетите пријави нема да се разгледуваат.
Материјалите и пријавите што се доставени за Конкурсот не се враќаат.
Конкурсот ќе трае пет (5) дена од денот на објавувањето, односно до 15.8.2023 година до 15 часот, а ќе биде објавен на интернет-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).
Учесниците писмено ќе бидат информирани за резултатите од Конкурсот.
Финансиската поддршка изнесува 200.000,00 денари, во рамките на предвидените средства во Програмата за образование и Буџетот на Општината.
Овој износ му се доделува на еден учесник и тој целосно треба да ги реализира проектните активности.
Средствата се исплатуваат еднократно.
По завршувањето на проектот здружението што го добива проектот треба да достави:
- детален извештај за текот на активностите (со вклучени фотографии и листи на учесници) и
- комплетен финансиски извештај (фактури, договори и докази за плаќање) за целиот период.