Образование|

Општина Центар ги заврши реконструктивните зафати на целата кровна конструкција и поставувањето на енергетски ефикасната фасада на целата градинка со површина од околу 1500 метри во градинката Јасмин, објект на матичната градинка „19 Ноември“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше во посета на градинката од каде истакна дека инвестициите во образованието значат подобри услови за престој на дечињата.

 

„Во оваа градинка извршивме реконструктивни зафати на целата кровна конструкција на која поставивме и олуци. Комплетно ја исчистивме и фекалната мрежа и го завршивме поставувањето на топлотна изолација на фасадата која ќе ја зголеми енергетската ефикасност во целата градинка. Ова се инвестиции кои ќе обезбедат подобри, потопли и попријатни услови за престој на нашите дечиња. Вложувањето во предучилишните објекти значат и вложување квалитетен воспитно образовен процес како основа за основните предзнаења на децата“, изјави Герасимовски.

 

Објектот Јасмин претходно доби и реконструкција на сите тоалети. Целта на Општина Центар е да обезбеди квалитетен престој и функционални детски градинки.

Comments are closed.

Close Search Window