Образование|

Сите осум занимални во градинката „13 Ноември“ објект Парк, добија комплетно нови детски шкафчиња, масички, столчиња и друг детски мебел, нови играчки и едукативен дидактички материјал за сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски при денешната посета истакна дека континуираното вложување во предучилишните установи го подобрува квалитетот на воспитно образовниот процес кај децата.

 

„Со оваа инвестиција градинката доби комплетно нови занимални, најпрво беше иструган и излакиран паркетот во целата градинка, потоа целата градинка беше молерисана по што сите занимални добија нов детски мебел, детски шкафчиња, масички со столчиња како и нови играчки и дидактички материјал за најмалите. Верувам дека новите услови за престој ќе ги израдуваат дечињата, а новите играчки и дидактички материјали ќе ги поттикнат да бидат креативни во новите игри развивајќи ја фината моторика, говорот и дружбата“, истакна Герасимовски.

 

Општина Центар работи интензивно со цел да овозможи услови за престој на децата според најсовремените стандарди во сите детски градинки во општината. Претходно општината изврши целосна реконструкција на фасадата и покривот и во објектот Јасмин.

 

Comments are closed.

Close Search Window