Образование|

Од денеска учениците со образовни потешкотии во ООУ „Киро Глигоров“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба која е донација Турската агенција за соработка и координација ТИКА. Станува збор за донација на сензорна туба (со меурниња) која менува бои, сензорни влакна, пректор со диск, сензорна светлечка маса, светленки листови и бројки, базен со топчиња, лулашка, темен шатор, трамполина, светлечки ЛЁЕД ципли, тактилен полигон за балансирање кои ќе го подобрат совладувањето на наставните содржини.

 

Денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во присуство на координаторот на ТИКА во Скопје Мехмет Бајрак и помошник претседателот на ТИКА Др. Махмут Чевик истакнаа дека сензорните соби се од исклучителна важност за децата со аутистичен спектар на нарушено здравје.

 

„Инвестирањето во раниот детски развој е од исклучително значење за нашите деца. Вклучувањето на овие ученици во редовната настава е дел од образовната стратегија и сензорната соба што од денес ќе им биде достапна на децата од ова училиште е само уште еден мал чекор кон исполнувањето на главната цел, а тоа е нивна целосна инклузија. Предноста на оваа соба е тоа што можат да ја користат деца кои немаат вербална комуникација, но исто така се користи и во ситуации за намалување на вознемиреност, развојни потешкотии и сл. Искрено им се заблагодарувам на ТУКА за оваа донација која верувам дека ќе придонесе за полесно совладување на наставниот материјал, ќе донесе поголема мотивација децата да учат и да истражуваат, но и да го намалат стресот и да ја зголемат концентрацијата“, изјави градоначалникот Герасимовски.

 

Од ТИКА пак истакнаа дека вложувањето во раниот детски развој преку вакви и слични проекти допринесува децата полесно да ги совладаат знаењата и да ја подобрат моториката.

 

Ме радува што и ние имавме прилика да се вклучиме во еден ваков значаен проекти во соработка со самото училиште и Општина Центар каде што мислиме дека е даден голем допринос на децата коишто навистина имаат потреба во зголемувањето на нивната концентрација и намалување на стресот, како што истакна градоначалникот. Сите тие материјали и таа опрема којашто е сместена во сензорната соба, се надевам и од се срце верувам дека ќе даде најголем допринос за учениците најнапред, за наставниот и целиот друг кадар во самото училиште. Јас се надевам и од се срце верувам дека со оваа наша заедничка соработка ќе се даде најголем допринос во развој на моториката на тие дечиња и во зголемување на нивната концентрација околу наставните програми“, истакна Др. Махмут Чевик, помошникот на претседателот на ТИКА.

 

Сензорната соба е наменета за околу 20-тина ученици од основното училиште „Киро Глигоров” и истата ќе биде во функција додека се изведува воспитно-образовната настава. Во моментов во Општина Центар функционираат сензорните соби во ООУ Гоце Делчев, Ј.Х. Песталоци, 11 Октомври, Кочо Рацин, Кирил и Методиј, а од денеска и сензорната соба во ОУ Киро Глигоров.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Comments are closed.

Close Search Window