Култура|

И така приказната започна… „Нешто што ќе остане“ од тие пред нас, нешто што ќе остане за нас и нешто што ќе остане за оние што доаѓаат по нас.

Општина Центар за првпат организираше музички хепенинг во Паркот на франкофонија со наслов „Нешто што ќе остане“. Музичката нота и македонскиот такт ја полнат душата, будат посебни чувства и се доживуваат со длабока емоција, еуфорија и страст. Токму таа емоција беше доволен мотив да сѐ собереме на едно место и заедно да уживаме во домашните автентични звуци.

Нешто што ќе остане“ ја испиша првата страница на позитивна приказна полна љубов, радост и дружба! Општина Центар се стреми да ја подигне културата на повисоко ниво и затоа преку овој концерт не само што ја афирмиравме домашната македонска музика, туку и организиравме дружба, забава, пеење и играње, она што верувам дека на сите ни недостига. На градот, на сите нас ни недостигаат вакви настани, кои ќе нè одвлечат од секојдневните рутини и обврски, настани што ќе предизвикаат насмевка на лицето и нова позитивна енергија, нов елан и поголема продуктивност. “, вели Герасимовски.

Концертот го носи името „Нешто што ќе остане“ затоа што е почеток на една нова приказна, ново обележје, кое ќе се изгради во традиција на вредности што доаѓаат и заминуваат. На музичкиот хепенинг настапија изведувачи од македонскта сцена: Диџеј Чваре, Дани Димитровска, Тамара Тодевска, ДНК, „Некст тајм“ и Диџеј Фиц, а целиот настан го водеше Вера Јанковиќ.

 

 

Comments are closed.

Close Search Window