Образование|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го потпиша Протоколот за размена на искуства и реализација на технолошки и културни проекти помеѓу основното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Центар и основното училиште „Вук Караџиќ“ од Република Србија.
Идните активности меѓу збратимените училишта ќе донесат нови знаења преку социјални и академски проекти и взаемни посети на збратимените училишта.
Овој тип на меѓународни искуства се успешен пример за подобрување на квалитетот во образовниот процес што придонесува за поттикнување на повисок успех кај учениците.

Comments are closed.

Close Search Window