Како резултат од меѓуопштинската соработка со Градот Скопје, денеска започна реконструкција на улицата ,,Столтенбергова” која ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар.
Градежните зафати на кои работи ЈП „Улици и патишта“ се одвиваат на потегот пред градскиот стадион каде е вградена камена коцка, односно калдрма која со реконструкцијата ќе биде отстранета и на чие место ќе се постави нов алфалтен слој.
„Денеска започнаа градежните зафати на потегот пред Градскиот стадион „Тодор Проески“ кој беше покриен со калдрма која со текот на времето беше оштетена и дотраена. Со овие реконструктивни зафати сета калдрма ќе биде извадена и ќе биде заменета со нов асфалтен слој. Со градежните зафати ќе го изедначат целиот круг околу градскиот стадион со што ќе се добие целина затоа што калдрма имаше единствено на локацијата каде сега се работи“, вели Герасимовски.
Претходно во август месец со меѓуопштинска соработка со Градот Скопје беше реконструирана улицата „Славејко Арсов“ на Водно каде беше поставен нов асфалт и нови рабници.
Општина Центар ќе продолжи да вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот.