Утре од 11 часот Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе реализира симулациска вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес. По тој повод од денеска паркингот пред хотелот City Park целосно ќе биде затворен од 22 до 14 часот утре (среда) на денот на изведбата на вежбата.
Дополнително затворени за сообраќај од 9 до 14 часот ќе бидат:
👉 Бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“,
👉 Од крстосница со ул.„Бледски Договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“,
👉 Ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети)“,
👉 ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта Трети“),
👉 Бул.„8 Септември“ од крстосница со бул.„Илинден“ до сервисна улица за влез во х.Александар Палас,
👉 Сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески.
На вежбата се очекува учество на повеќе од 500 лица, 2 хеликоптери и 40 возила! На истата ќе учествуваат институциите вклучени во Системот за управување со кризи, домашни и странски тимови од Црвениот крст.