Активности|

Нашите безбедносни институции, полицијата, војската, како и тимовите на Црвен крст покажаа висок степен на подготвеност за брз одговор при кризни состојби на денешната симулациска вежба по прва помош во итна ситуација земјотрес.
Симулациската вежба ‘’Хуманитарен одговор 2023‘’, се одржа под покровителство на претседателот Стево Пендаровски и во организација на Црвениот крст. Вежбата е организирана во чест на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот.

Comments are closed.

Close Search Window