Дневен ред за 29. седница на Совет на Општина Центар, закажана за 10.11.2023 година, со почеток во 12:00 часот, во сала на Совет (барака 6)
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-одлука за усвојување Годишната програма за работа на
Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар
„Кочо Рацин“-Скопје за период 2023-2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување Годишната програма за работа на
Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар
„Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје за период 2023-2024 година.
- Предлог-одлука за усвојување Годишната програма за работа на
Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар
„13 Ноември“-Скопје за период 2023-2024 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот бр. 01-351/1
Од 26.10.2023 година за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУДГ на Општина
Центар-Скопје „Кочо Рацин“-Скопје донесен од Управниот
одбор на ЈУДГна О.Ц „Кочо Рацин“-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност за спогодбено преземање
на административен службеник од Општина Карпош.
6. Предлог-одлука по Кварталниот извештај за извршување на
Буџетот на Општина Центар-Скопје за извештајниот период
(кумулативно) за квартал од 1.1.2021 година до 30.9.2023 година.
7. Предлог-одлука за измена на Одлуката за финансиско учество
на Општина Центар-Скопје во реализацијата на проектот „Јакнење
на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“ за изработка на техничка документација со физибилити
студија за Собирен центар за управување со цврст отпад за
Општина Центар-Скопје и Општина Гази Баба, на територија на
Општина Гази Баба и Управување и третман на биолошки
отпад (компостирање) на територија на Општина Илинден.
- Предлог-одлука за давање согласност за склучување Меморандум
за соработка помеѓу Општина Центар-Скопје и „Европа лек
фарма“ дооел Скопје.
- Предлог-одлука за прифаќање донација на детски реквизити од
ресторан „Воденица“ Скопје.
- Предлог одлука за прифаќање донација од „М.Г. Фешн“ доо
Скопје.
- Предлог-одлука за доделување на Годишната награда на
Општина Центар-Феникс за 2023 година.
12. Предлог-план на програми за развој за период од 2024-2026
година на Општина Центар-Скопје.
13. Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за
урбано планирање Ф на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за
комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за
заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје
за 2023 година.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за
здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина
Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за
образование на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за
култура на Општина Центар-Скопје за 2023 година
- Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за
Спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата за
локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2023
година.
21. Предлог-измени и дополнувања на Буџетот на Општина
Центар-Скопје за 2023 година.
Дневен ред за 29.седница на Совет