Образование|

По повод одбележување на Светскиот ден на детето, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа средба со учениците од четвртите одделенија од ООУ ,,Јохан Хајнрих Песталоци‘‘ и со нив разговараше за детските права, ги запозна со неговата работа како градоначалник и за работата на локалната самоуправа.
Во салата на Совет на Општина Центар, учениците учествуваа во дискусијата со градоначалникот со свои предлози и идеи, односно како треба да изгледаат детските катчиња, спортските игралишта и училишните дворови во Центар.
Остануваме посветени на нашите најмлади центарци, да ги сослушаме во нивните желби и да ги направиме посреќни, бидејќи тие се идните градители на светот.

Comments are closed.

Close Search Window