Прес|

Општина Центар изминатите две години имаше голем инфраструктурен развој. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски кој вчера вечер гостуваше во Канал 5 телевизија зборуваше за сработените проекти во општината почнувајќи од инфраструктурата, подобрување на хигиената преку набавката на нова механизација до инвестиции во градинките.

„Имаме 17 улици направено изминатата година и планираме уште 14 за 2024 година и сето она што е ветено во изминатите две години работиме да го реализираме дури и повеќе од тоа што е напишано во програмата. Поголем дел од капиталните проекти веќе се во тек, планираме до крајот на мандатот истите да бидат завршени во делот на зеленилото, во делот на што повеќе улици. Имаме многу сработено почнувајќи од градинките, ние немаме проблем со капацитетот дури запишуваме дечиња од други општини голем број на градинки, во мојот мандат се отпочна и со нова градинка која ја ветивме во населбата Пролет, една модерна, инклузивна убава градинка“, истакна Герасимовски.

Тој исто така потенцираше дека сите истражувања кои ги прави општината покажуваат дека е подобрена јавната хигиена со тоа што општината купила нова механизација.

„За првпат купивме цистерна, ниту една друга општина нема цистерна. Со неа повторно ги миевме улици како што тоа беше пракса години наназад. Во периоди од годинината односно во најтоплите периоди и по двапати во денот. Општина Центар е единствена општина која има и сопствено комунално претпријатие, тоа беше предизборно ветување кое ги исполнивме со цел да ја подобриме јавната хигиена во општината“, рече Герасимовски.

Прашан за престојниот изборен резултат Герасимовски рече дека најрелевантната анкета се граѓаните и денот на изборите кога ќе се знае кој ќе ја води власта на централно и локално ниво.

 

Comments are closed.

Close Search Window