Активности|

Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените правосилни одобренија за градење, доградба и надградба и линиска инфраструктура на територија на општината.

Од месец јуни 2023 година, заклучно со ноември 2023 година, издадени се вкупно 23 правосилни одобренија за градба, од кои 22 се одобренија за градба и едно одобрение е за доградба/надградба на веќе постоечки објекти.

Општина Центар е првата општина во државата која ја воспостави оваа практика со објавување на издадените одобренија за градење, истовремено поставувајќи позитивен пример и за останатите општини како во Скопје, така и во целата земја.

Полугодишен извештај за издадени одобренија од јуни до ноември 2023 година

Comments are closed.

Close Search Window