Врз основа на член 57 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесено е Решение за свикување на 30. седница на Совет на Општина Центар – Скопје.
Седницата ќе се одржи на 11.12.2023 година /понеделник/, со почеток во 13.00 часот, во просториите на Општина Центар, барака 6.
Усвојување на Записникот од 3. вонредна седница и Записникот од 30. седница на Советот.
ДНЕВЕН РЕД
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката
бр. 02-17/57 од 21.11.2023 година за усвојување на
кварталниот финансиски извештај на Јавното претпријатие
за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје
за период јули-септември 2023 година, донесена од Управниот
одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта
„Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
2. Предлог-одлука за ослободување од партиципација
на децата Роми во предучилишното образование на
подрачјето на Општина Центар-Скопјe.
3. Предлог-одлука за давање согласност за кофинансирање-
одобрување средства за реализација на проектот
„Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефиказност,
заштита на човекова околина и смарт табли за едукација
на деца – Општина Центар, Општина Чаир и општина
Чучер-Сандево“.
4. Нацрт-програма за урбано планирање Ф на Општина
Центар-Скопје за 2024 година.
5. Нацрт-програма за комунални дејности на Општина
Центар-Скопје за 2024 година.
6. Нацрт-програма за заштита на животната средина на
Општина Центар-Скопје за 2024 година.
7. Нацрт-програма за реконструкција и санација на
основните училишта на Општина Центар-Скопје за
2024 година.
- Нацрт-програма за здравствена, социјална заштита и
заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2024
година.
- Нацрт-програма за локален економски развој на
Општина Центар-Скопје за 2024 година.
- Нацрт-програма за култура на Општина
Центар-Скопје за 2024 година.
- Нацрт-програма за образование на Општина
Центар-Скопје за 2024 година.
- Нацрт-програма за спорт и рекреација на Општина
Центар-Скопје за 2024 година.
- Нацрт-буџет на Општина Центар-Скопје за 2024 година.