Активности|

Општина Центар го заврши новогодишното украсување. Годинава општината е украсена на повеќе локации каде се поставија новогодишни елки, светлосни фигури, украсни лед сијалици и други новогодишни украси.

Украсувањето започна од улицата „Орце Николов“ па продолжи кон улиците Боемска 1 и 2 каде на неколку локации е поставена мрежа со сијалички, светлосни фигури на бандери, ѕвездено небо и 9 метарска новогодишна елка. Украсен е и Скверот пред општината каде има поставено мрежа со сијалички на сите дрва, светлосни фигури, забавен парк и дрвени куќички. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека граѓаните заслужуваат да уживаат во предновогодишната атмосфера.

„Општина Центар е единствена украсена општина во Градот Скопје. Мислам дека после поскапувањата и штедењата, после економската криза граѓаните имаат потреба да излезат и да прошетаат по украсени улици и ја почувствуваат предновогодишната еуфорија и позитивен дух. Сите ние имаме потреба од тоа и затоа годинава украсивме на неколку локации со цел да ги развеселиме граѓаните. Затоа ги поканувам сите да дојдат во Општина Центар и уживаат во новогодишната бајка“, вели Герасимовски.

Новогодишни украси исто така се поставени на скверот и паркот во населбата Капиштец.

Comments are closed.

Close Search Window