Со пријателите Ramstore Macedonia организираме хуманитарна изложба и концерт со цел да му помогнеме на Лео да ги совлада предизвиците во лекувањето.
Лео е 18 годишно момче полно со ентузијазам и желба за знаење. Го освои првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge но за време на летниот одмор имаше несреќа во Грција и повреда на третиот, четвртиот и петтиот пршлен. Сеуште е на интензивно лекување во Солун каде дише на апарати. Досега имаше неколку успешни оперативни зафати но за да го продолжи лекувањето потребни му се 200.000 евра.
Затоа ве покануваме да ја погледнете програмата и да се вклучите во акцијата за Лео повторно да го врати сјајот во очите и најубавата насмевка на лицето.
Да ја покажеме нашата хуманост и да му помогнеме!