Образование|

По повод 79 роденден на ООУ „Кочо Рацин“, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со амбасадорите на Република Полска, Н.Е. Кшиштоф Гжелчик и амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и пријателите од Здружението за асистивна технологија ,,Отворете ги прозорците“ отворија сензорна соба и кабинет по информатика за учениците од ова училиште.

„Ние сме општина која преку  образованиот процес инвестира во младите генерации. Наш приоритет се токму вакви проекти кои во училиштата даваат еднакви можности за сите, за процес кој е инклузивен и со индивидуален пристап за секое дете. Воедно на директорката и сите вработени и учениците им честитам 79 години од основањето на училиштето „Кочо Рацин“. Ви посакувам уште многу успешни генерации кои преку своите кариери ќе ја промовираат Општина Центар и ова училиште. Гледам дека и мотото на вашата приредба е љубовта која ги спојува минатото и иднината, и тоа ме прави особено среќен. Каде и да сме, да не заборавиме од каде сме почнале, како сме се градиме и кои се амбициите пред нас“, рече Герасимовски.

Општина Центар издвои сопствени средства за отворање на кабинетот за информатика, училиштето доби и сензорна соба со поддршка од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и Советот на родители кои преку донаторски акции учествуваа со финансиски средства. Во денешната прилика, италијанскиот амбасадор Силвестри донираше и учебници по италијански јазик за првата паралелка која го изучува овој јазик.

Comments are closed.

Close Search Window