Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување на МРТВ ја најави вечерашната предновогодишна забава која ќе се одржи на Боемска 1. Герасимовски рече дека на граѓаните им недостасуваат културни настани и добро е да има музика за празниците. Добро е да се испрати старата, а новата година да се дочека во весела атмосфера. Денешното утро е резервирано за најмладите, рече тој.
Герасимовски: Вечерва предновогодишна забава со Александар и Дац, ги покануваме сите граѓани на Боемска
„Во утринските часови од 11 до 12 часот ќе настапуваат нашите најмали, нашите ученици од основните училишта, но и нашите најмлади од градинките. Ќе не посети Дедо Мраз ќе поделиме пакетчиња и заедно ќе се забавуваме. Додека вечерта ќе имаме забава со ДЏ и настап на Дац и Александар Митевски кои ќе ги забавуваат гостите. Затоа ги покануваме сите наши жители, но и сите центарци, сите жители во државата да ни се приклучат во вечерашната забава“, рече Герасимовски на МРТВ.
Вечерашната програма на Боемска 1 започнува од 19 часот со настапот на ДЏ Александар Јорданов, додека Александар Митевски и Дац ќе не забавуваат од 21 часот.
Герасимовски во гостувањето исто така спомена дека овие денови општината има многу активности со делење пакетчиња како и подготовка за Седница на Буџетот кој треба да се усвои денеска. За следната година Герасимовски најави многу проекти од кои бенефит ќе имаат сите граѓани на Центар.