Совет|

Советот на Општина Центар денеска го усвои  буџетот за 2024 годи. Основниот буџет е проектиран на  833.611.000 денари.
Буџетот за наредната година е развоен, реален и транспарентен,  а приоритет се дава на капиталните инфраструктурни проекти. Новите крупни инвестиции предвидуваат:  реконструкција на Спортската сала „Работнички“ во Градскиот Парк , хортикултурно и партерно уредување во населбата  Капиштец – на потегот од Зебра до паркот Капиштец, реконструкција на 14 улици, меѓу кои: Елисие Поповски, Светозар Марковиќ, Дебарца, Блаже Тодоровски, поставување фотоволтаици на основните училишта, нова детска градинка во населба Пролет, доградба во ООУ,, Коле Неделковски‘’, и др.
Градоначалникот Герасимовски ја поздрави одлуката на денешната седница:
,,Благодарам на советниците и администрацијата на општината  за се што  сработивме заедно во оваа година, за сите проекти што  ги реализиравме во интерес на граѓаните. Благодарам за поддршката што ја дадовте за новиот буџет за 2024 и за вашите гласови за да креираме буџет што ќе биде по мерка на сите граѓани’’
Во буџетот за 2024 година планирана е и изградба и реконструкција на повеќе спортски и детски игралишта,  санација и набавка на нова урбана опрема, модернизирање на системот за јавно осветлување со воведување ЛЕД-технологија и со примена на современи техники за управување и надзор, поставување зеленило , изградба и дислокација на комунална инфраструктура.
Освен реализација на капиталните инвестиции, буџетот предвидува и одржување на постоечката инфраструктура, сервисирање на тековните потреби за граѓаните на општината, како  и проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, и други.

Проекти што се покажаа како успешни во минатото ќе продолжат да се реализираат и наредната година, меѓу кои : ,,Нега на стари лицa‘’- домашна нега со лиценцирани негуватели, еднократна помош за новороденчиња и социјално загрозени семејства, прoект за афирмирање на македонската музика ,,Нешто што ќе остане ‘’,финансирање и поддршка на спортски клубови, Атлетски крос- Центар 2024, субвенции за купен нов велосипед и тротинет, стипендии за талентирани ученици и деца, поддршка во образованието, набавка на смарт табли во детските

градинки. Буџетот на Општина Центар  за 2024 година е донесен со 15 гласови ЗА и 3 воздржани.

Comments are closed.

Close Search Window