Активности|

Општина Центар организираше предновогодишна детска програма на Боемска. Со сценски и музички точки настапија децата од градинките „13 Номеври“, „Раде Јовчевски Корчагин“ и „Кочо Рацин“ и учениците од основните општински училишта „Коле Неделковски“ и „Јохан Хајнрих Песталоци“.

„Добредојдовте во магичната приказна на Општина Центар. Се радувам што ве гледам во толкав број и во празнично расположение. За вас денеска подготвивме многу слатки изненадувања и многу волшебни мигови. Ја донесовме Самовилата, а тука е се разбира и Дедо Мраз, кој е задолжен за вашите желби.
А , како што добро знаете, убавите празници се прославуваат со песна и игра. Затоа со нас овде се нашите најмали другари од градинките Корчагин, Кочо Рацин, 13 Ноември, и учениците од Коле Неделковски и Песталоци. Им благодарам што ќе ни ја направат оваа бајка уште поубава!
И пред забавата да почне, ви посакувам многу петки, детски радости и да ви се исполнат сите желби и соништа во Новата година! Да сте ми живи и здрави и да ве гледам вака среќни и насмеани уште 100 години!“, изјави градоначалникот Герасимовски.

 

Comments are closed.

Close Search Window