Образование|

Кога се сака, се може се’. Oсобено кога не’ води хуманоста и солидарноста. Младите Центарци го направија невозможното! Не мотивираа и не сплотија сите заедно да донираме и да помогнеме за лекувањето на младиот Лео.
Од продажбата на ракотворбите и донациите на новогодишните добротворни базари што ги организираа општинските градинки и училишта, собрани се 901.768,00 денари, кои веќе се уплатени на сметка на Леонид Индов.
Благодарност до наставниците и родителите за нивниот труд и поддршка, секако и на нашиот партнер Рамстор Ramstore Macedonia кој помогна во оваа хуманитарна акција.
На Лео му ја честитаме 2024 година и му посакуваме брзо да закрепне и да продолжи со животот.

Comments are closed.

Close Search Window