Општина Центар-Скопје дава финансиска подршка на спортски клубови, спортисти-поединци, здруженија и други организации што со спроведувањето проекти од областа на спортот придонесуваат за негова промоција, унапредување и афирмација, подобрување и зголемување на спортските успеси на домашен и на меѓународен план.
Јавниот повик се објавува во рамките на Програмата за спорт за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2024 година.
Право на учество
– На Јавниот повик може да се пријават спортски здруженија, други правни лица и поединци од областа на спортот;
– Субјектите мора да се формирани и да дејствуваат на територија на Општина Центар-Скопје.
Основни критериуми за учество во Јавниот повик што треба да ги исполнуваат спортските здруженија, други правни лица и поединци од областа на спортот се:
– проектот да опфаќа поголем број млади;
– поттикнување и афирмирање на одреден вид спорт;
– проектната активност да овозможи привлекување на граѓаните и поголема достапност;
– реализирање спортски програмски активности;
– организирање и спроведување систем на натпревари;
– во проектот да е застапена рамномерна старосна и родова застапеност;
– унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри;
– активирање на млади во различни категории спорт;
– афирмирање на млади спортисти на домашен и меѓународен план.
Документација што спортските здруженија и други правни лица од областа на спортот задолжително треба да ја приложат за аплицирање на Јавниот повик:
– Документација за регистрација на субјектот (тековна состојба оригинален примерок) не постара од еден месец, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
– Извештај од спортските здруженија, други правни лица и поединци од областа на спортот за потрошени средства ако од Општина Центар-Скопје добиле средства за реализација на спортски проект или за учество и напредување во одреден спорт за 2023 година;
– Потврда за активна трансакциска сметка;
– Финансиски план за потребните средства за реализација на проектот со кој се аплицира;
– Пријава за аплицирање што е поставена на веб-страницата на Општината (www.opstinacentar.gov.mk)
– Копии од прилози, фотографии, награди и др.
Рок и начин на доставување на пријавите: Краен рок за поднесување на пријавите е осум (8) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или во Архива на Општина Центар-Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1.
Нема да се разгледува и да се земе предвид пријава што не ја содржи целосната документација што се бара во Јавниот повик.