Врз основа на член 57 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), се донесува Решение за свикување на 33. седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 9.2.2024 година /петок/, со почеток во 13.00 часот, во барака 6 во сала за состаноци.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Разгледување на Годишниот извештај за работа на
Полициската станица од општа надлежност „Центар“
за период од 1.1.2023 до 31.12.2023 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Годишна
програма за 2024 година, на Установата од областа на
културата Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО, Скопје.
- Разгледување на Годишниот извештај за работењето на Кошаркарски клуб „Работнички“ АД Скопје за период
од 1.1.2023 година до 31.12.2023 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Финансискиот
план на Кошаркарскиот клуб „Работнички“ АД Скопје за
период од 1.1.2024 година до 31.12.2024 година.
- Предлог-одлука за давање на користење на училиштен
простор во сопственост на Општина Центар-Скопје
на Ансамбл за народни песни и ора „Кочо Рацин“ Скопје.
- Предлог-одлука за усвојување на Кварталниот извештај
за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје
за извештајниот период (кумулативно) од 1.1.2023 до
31.12.2023 година.
- Предлог-одлука за измена и дополнувања на Одлука за
комунален ред и мерки за спроведување на подрачјето на
Општина Центар-Скопје бр.07-6397/16 од 12.09.2013 година.
- Предлог-одлука за поставување на подвижни објекти
подвижни апарати и други направи и определување на
локации за нивно постапување на подрачјето на
Општина Центар-Скопје.
- Предлог-план за измена на Планот на програми за
развој за период од 2024-2026 година на Општина
Центар-Скопје.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на
Програмата за урбано планирање Ф на Општина
Центар-Скопје за 2024 година.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на
Програмата за комунални дејности на Општина
Центар-Скопје за 2024 година.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата
за заштита на животната средина на Општина
Центар-Скопје за 2023 година
- Предлог-програма за измена и дополнувања на
Програмата за реконструкција и санација на основните
училишта на Општина Центар-Скопје за 2024 година.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на
Програмата за локален економски развој на Општина
Центар-Скопје за 2024 година.
- Предлог-одлука за прераспределба на средства во Буџетот на
Општина Центар-Скопје за 2024 година.
- Предлог-одлука за донесување на Детален урбанистички
план Градска четврт Ј 21-Клинички центар и Геолошки
завод, Општина Центар-Скопје.