Спорт и млади|

Службите на Општина Центар ја поставија новата подлогата, оградата и головите на постоечкото фудбалско игралиште за децата кои живеат близу зградата на синдикатите ССМ. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека детските и спортски игралишта се најзначајни за правилниот раст и развој на децата затоа се работи на нивна комплетна реконструкција.

„Во изминатиот период реконструиравме и направивме нови игралишта со цел децата да имаат правилен раст и развој но и да се социјализираат, го поттикнуваат натпреварувачкиот дух или едноставно да се истрчаат. Физичката активност е најважна во периодот на развој на нашите дечиња затоа вложуваме во комплетна реконструкција на фудбалското игралиште на кое децата од овој реон ќе може безгрижно да играат и се дружат“, смета Герасимовски.

Минатата година Општина Центар реконструираше неколку детски игралишта, спроти Градска болница, Градски ѕид и Капиштец, и направивме ново инклузивно детско игралиште близу трговскиот центар Зебра. Општината и во идниот период ќе продолжи да вложува во проекти кои го унапредуваат здравјето на нашите млади.

 

Comments are closed.

Close Search Window