Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесено е Решение за свикување на 34. седница на Советот на Општина Центар – Скопје
Седницата ќе се одржи на 13.3.2024 година /среда/, со почеток во 13.00 часот.
Усвојување на Записник од 1. конститутивна седница на Советот,
Записник од 19. седница на Советот и Записник од 33. седница на Советот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-решение за измена на Решението за избор на
претседател и на членови на Комисијата за урбанизам,
планирање и уредување на просторот.
2. Предлог-решение за измена на Решението за избор
на претседател и на членови на Комисијата за образование.
3. Предлог-решение за измена на Решението за избор на
претседател и на членови на Комисијата за култура.
4. Разгледување на наративниот и финансиски извештај
на Установата од областа на културата Културно социјален
простор ЦЕНТАР-ЈАДРО за 2023 година.
5. Разгледување на Годишниот извештај за реализација на
Програмата за урбано планирање „Ф“ на Општина
Центар-Скопје за 2023 година.
6. Разгледување на Годишниот извештај за реализација на
Програмата за комунални дејности на Општина
Центар-Скопје за 2023 година.
7. Разгледување на Годишниот извештај за реализација на
Програмата за заштита на животната средина на
Општина Центар-Скопје за 2023 година.
8. Разгледување на Годишниот извештај за реализација на
Програмата за јавни работи на Општина Центар-Скопје
за 2023 година.
9. Разгледување на Годишниот извештај за реализација
на Програмата за реконструкција и санација на основни
училишта на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
10. Разгледување на Годишниот извештај за реализација на
Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита
на деца на Општина Центар-Скопје за 2023 година.
11. Разгледување на Годишниот извештај за реализација на
Програмата за локален економски развој на Општина
Центар-Скопје за 2023 година.
12. Разгледување на Годишниот извештај за реализација
на Програмата за спорт и рекреација на Општина
Центар-Скопје за 2023 година.
13. Разгледување на Годишниот извештај за реализација
на Програмата за образование на Општина
Центар-Скопје за 2023 година.
14. Разгледување на Годишниот извештај за реализација
На Програмата за култура на Општина Центар-Скопје
за 2023 година.
15. Предлог-завршна сметка на Буџетот на Општина
Центар-Скопје за 2023 година.
16. Предлог-годишен извештај на Општина Центар-Скопје
за 2023 година.
17. Предлог-одлука за отпис на основни средства.
Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци.