Активности|

Цветот е симбол на почит и внимание кон оној кому ќе му ги подарите.
Денеска на одбележување на Денот на жената 8 Март, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски заедно со директорот на ПОЦ,  Душко Коцевски и вработени во претпријатието, им поделија цвеќе на хигиеничарките и жените сограѓанки, порачувајќи им да останат храбри и успешни и таа моќ да ја споделуваат со младите генерации.
Нивната неверојатна способност да се искачат на најголемите висини и тогаш кога тоа изгледа невозможно е доказ за нивната истрајност кога се има одредена цел.
Им го честитаме празникот 8 Март на сите жени во Општината и им честитаме на нивната почит, толеранција, лојалност и љубов.

Comments are closed.

Close Search Window