Д-р Џемиле е првата Ромка која заврши Медицински факултет и сиот свој работен век го поминува помагајќи им на луѓето. Вчера во КСП Центар – Јадро ја имаше својата прва промоција на автобиографската книга „Мојот сон“ во која автентично ги пренесува нејзините животни премрежија и предизвици низ кои поминала градејќи ја својата кариера. Во нејзиниот труд д-р Берат испраќа порака до сите млади Роми дека и покрај реалните тешкотии со силна волја и доволна истрајност може да се стаса до „врвот“.
Честитки до д-р Џемиле за нејзиното дело кое веруваме дека ќе им помогне и ќе охрабри многу Роми да успеат да изградат своја кариера.
Воедно им го честитаме денешниот Меѓународен ден на Ромите со порака дека остануваме посветени на градење мултиетничко општество, во кое ромската заедница е нераскинлив и рамноправен чинител во нашиот Центар.