Активности|

Новата книга на Ана Јовковска „Љубов во топка“ на лесен и за децата прифатлив начин обработува сериозен проблем, врсничкото насилство-булингот.
Токму за оваа горлива тема на денешницата, Општина Центар спроведе безброј кампањи, обуки и активности во основните училишта. Се надеваме дека делото на Ана, што беше синоќа промовирано во КСП „Центар-Јадро“, ќе даде голем придонес за сузбивање на оваа појава, особено кај децата од предучилишна возраст за кои е и наменета оваа интерактивна илустрирана книга.
Навистина одлично четиво за пријателството, емпатијата и солидарноста како контрапункт на врсничкото насилство.

Comments are closed.

Close Search Window