Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беa во посета на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ каде ја истакнаа важноста на Еразмус Плус проектите што се спроведуваат во општинските училишта во Центар. Во осумте наши училишта досега се реализирани 11 проекти, вo моментот работат на 5 проекти, а Општина Центар спроведува еден инклузивен проект.
Се работи за проект што се реализира преку австриската национална агенција, а се однесува на креирање на платформа за работа со деца со посебни образовни потреби. Значи, ова е целосно еден инклузивен проект кој има цел да ги подобри условите за образование на овие деца, а воедно и да ги подобри условите за работа на наставниот кадар и стручните служби во училиштата.
Општина Центар го работи проектот во соработка со педагошкиот факултет од Грац, со образовен центар од Анкара во Турција и со Здружението на специјални едукатори на Македонија.Учеството во Еразмус програмите е подобрување на образовниот процес и инклузивното образование.