Учениците од Општина Центар го посетија „Тетарот за деца и младинци“-Скопје, со кој Општината неодамна потпиша Меморандум за соработка, преку кој што се проширува и зајакнува соработката во полето на културата и уметноста помеѓу двете институции.
Децата како најискрена публика вчера уживаа во изведбата на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“, која освен што беше поучна со актуелна тематика, истата беше и адаптирана за нивната возраст.
Бесплатни билети за оваа театарска претстава добија: прво, второ и третонаградените ученици и наставници- ментори од ООУ „11 Октомври“, „Киро Глигоров“ и „Коле Неделковски“ кои учествуваа во изведбите и подготовките на театарски претстави кои се одржаа минатиот месец, како и учениците кои освоија награди на претставите за најдобра женска и машка улога од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ со менторот и од ООУ „Киро Глигоров“.
Негувањето на односот кон културно-уметничките аспекти, уште од училишна возраст е важен правец во градење на позитивниот поглед кон светот.
Главната цел на соработката преку Меморандумот е унапредување на мерките на општествена одговорност и хуманиот развој кај децата. Двете институции имаат во план да ја продлабочат соработката и за други проекти меѓу кои и за Третото издание на ИФДТ „Игор Маџиров“ 2024.
Last modified: 18/04/2024