Активности|

Малите рачиња на дечињата од градинката „13 Ноември“ денеска прекрасно го украсија велигденското јајце поставено близу општинските бараки во Дебар Маало. Во духот на традицијата кога се вапцаат првите велигденски јајца во пресрет на празникот Велигден, денеска со многу радост и насмевки со дечињата зборувавме за обичаите и значењето на големиот христијански празник.
Велигденски јајца во пресрет на празникот беа поставени и близу автобуската Ким во Буњаковец и на пјацетата кај Италијанската амбасада во Центар.

Comments are closed.

Close Search Window