Активности|

Голема чест е на Велики четврток да се добие благодарница од Здружението на слепи и лица со оштетен вид за придонесот што како Општина Центар го имаме направено за реализација на нивните програмски активности.

Со задоволство се приклучивме на хуманитарниот велигденски базар пред Соборниот храм, организиран од членките на Здружението.

Овие хумани жени, ќе ги донираат собраните средства на социјално загрозен член на Здружението, акција на која и ние како Општина ќе се приклучиме со своја донација.

Општина Центар е секогаш подготвена да помогне на ранливите категории граѓани, да ги поддржи во нивните активности и да ја поттикне нивната инклузија.

Comments are closed.

Close Search Window