Конкурси, Образование|

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование за 2024 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 18/23), градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

КОНКУРС

за доделување награди за најдобри наставници

од одделенска и од предметна настава, стручни соработници и администрација

за учебната 2023/2024 година

Општина Центар-Скопје секоја година доделува награди и пофалници за најдобрите наставници и стручни соработници од општинските основни училишта што се на нејзина територија, во согласност со Програмата за образование за 2024 година.

Настанот традиционално се одбележува по повод Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, а наставниците се наградуваат со паричен износ и со пофалници, како дополнителен мотив за натамошна работа во воспитно-образовниот процес.

 

Право на учество на Конкурсот имаат:

  1. Наставници/наставнички од одделенска и предметна настава и стручни соработници што се во редовен работен однос, со минимум три години работно искуство во струката;
  2. Предлозите за наставниците и стручните соработници може да ги даде Наставничкиот совет (вкупно тројца кандидати од секоја категорија од секое училиште), исто така, на Конкурсот може самоиницијативно да се пријават сите што ги исполнуваат предвидените критериуми;
  3. При пријавувањето на Конкурсот за кандидатите треба да се достави професионално досие и препорака од директорот на истото училиште;
  4. Право на учество на Конкурсот имаат наставници и стручни соработници што не се наградувани во претходните пет години;
  5. Изборот на најдобар одделенски, предметен наставник и стручен соработник го врши тричлена комисија формирана од Градоначалникот.
  6. Кандидати што имаат добиени финансиски средства од Општината како поддршка за веќе постигнат успех во последните три учебни години, немаат право да бидат кандидати за оваа награда.
  7. Исплатата на финансиските средства ќе бидат по завршување на Парламентарните и Претседателските избори за 2024 година, односно до изборот на Владата на Република Северна Македонија.

Документацијата на кандидатите се доставува до Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6 од 7.5.2024 до 13.5.2024 година од 9 до 15 часот.

Comments are closed.

Close Search Window