По повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина потсетуваме на соработките и проектите кои ги имаме во општината. Во изминатиот период реализиравме:
Едукативни работилници и обуки преку кои воспитувачите, негувателите и другиот стручен кадар во детските градинки и наставниците и осмооделенците во училиштата се здобија со знаења и вештини за соодветно и навремено постапување во ургентни ситуации, односно давање на прва помош.
Едукативни работилници преку кои децата од возрасните групи од сите градинки и клонови се здобија со знаења за значењето на здравите навики и одржувањето на личната хигиена.
Крводарителски акции во кои обезбедивме крвни компоненти за потребите на здравствениот систем.
Обезбедивме бесплатен превоз до болница за лица со попреченост.
Општина Центар ќе продолжи да ги негува проектите со Црвен крст на Република Северна Македонија кои имаат за цел да им помогнат на граѓаните и го олеснат нивното секојдневие. Нашата соработка продолжува и ќе се проширува.