Активности|

Градоначалникот Горан Герасимовски, денеска го запозна и пречека словенечкиот амбасадор Грегор Прескер кој во Општина Центар доаѓа за првпат. Амбасадорот Прескер се интересираше за проектите на кои работи општината и оние кои планираме да ги реализираме. На протоколарната средба разговараа и за можностите за идни соработки, збратимување на општините и размена на искуства меѓу локалните самоуправи.

Блиските соработки и пријателските односи носат нови проекти и бенефити за граѓаните од двете држави, градоначалникот и амбасадорот изразиа подготвеност за зацврстување на истите.

Comments are closed.

Close Search Window