Активности, Образование|

Со песни, приказни, игра и смеа денеска го прославивме роденденот на градинката Кочо Рацин.
Прекрасната приредба ,,Пролетна симфонијa” што со многу љубов ја подготвија децата од објектот ,,Бели мугри“, под будното око на воспитувачките, ни ги стопли и разнежи срцата. На детски начин ни ја доловија пролетта и будењето на природата. И навистина, кој друг ако не тие, можат да не потсетат колку е магичен новиот живот што цути, да ни ја потврдат вербата во иднината, а во исто време да не вратат во волшебниот свет на деството.
Благодарност голема за овие прекрасни моменти.
Нека ви е честит роденденот!

 

Comments are closed.

Close Search Window