Активности, Образование|

На оригинален и инспиративен начин денеска го прославивме патронатот на ООУ ,,Свети Кирил и Методиј “.
Учениците и наставниците подготвија одличен настан – Саем на среќно учење. Покажаа дека учењето може да биде интересно и забавно, а процесот на стекнување нови знаења да се претвори во авантура што отвора бесконечни хоризонти.

Едно големо браво од Општина Центар за креативноста на учениците и на целиот наставен кадар.
Училиштето ,,Свети Кирил и Методиј “останува доследно на својата богата просветна и образовна традиција, стара цели188 години.
Горди сме што сте дел од нашиот Центар, нека ви се множат годините и успесите!

Comments are closed.

Close Search Window