Активности|

Градоначалникот Горан Герасимовски им ги честита денот на македонските пожарникари кои се стравуваат со сите предизвици кои ги носат огнените стихии. Им оддава поддршка и признание за нивната храброст, пожртвуваност, дадените напори за да ги заштитат човечките животи, за нивниот безрезервен и целокупен придонес во општеството.

Да не заборавиме дека македонските пожарникари не се само онаму каде има пожари туку онаму каде има земјотреси, поплави, сообраќајни несреќи и секаде каде треба да се спасат човечки животи.
Ние центарци ви се заблагодаруваме за сета ваша пожртвуваност и грижа за нашата безбедност и добро здравје.

Comments are closed.

Close Search Window