Активности|

По повод 20 Мај денот на пожарникарството се организираше традиционален пожарникарски крос натпревар за учениците од основните училишта на регион на Градот Скопје.На кросот, во конкуренција женски 400 метри и машки 500 метри, на кои учествуваа ученици од VII до IX одделение од основните училишта на Град Скопје.

Во овој натпревар учениците од ООУ„ Димитар Миладинов“ постигнаа одлични резултати и тоа:
Прво место во конкуренција мажи 500 метри освои Сергеј Малјановски;
Второ место во конкуренција мажи 500 метри освои Марко Димитров;
Трето место во конкуренција жени 400 метри освои Марта Димковска.Општина Центар им честита на учениците кои и на регионално ниво постигнуваат успеси и продолжува да ги поттикнува и мотивира да го практикуваат спортот, да бидат физички активни за да имаме здрава и среќна младина.

 

 

Comments are closed.

Close Search Window