Животна средина|

Почитувани млади и членови на младинските организации од Општина Центар-Скопје, ве повикуваме да учествувате на трибина на тема „Подобрување на квалитет на живот на младите во Општина Центар“. Ќе разговараме за подобрување на животната средина со цел да ги мапираме проблемите и да разговараме за можните решенија.

Гласот на младите за нас е многу важен, па затоа ве очекуваме и сега да го слушнеме вашето мислење за животната средина и вашите препораки за подобрување.

Трибината се спроведува како дел од Акцискиот план кој е во рамките на проектот „Младински активизам за позелени општини“, а е финансиски поддржан од Delegation of the European Union, Skopje, спроведен од Македонско здружение на млади правници, Go Green – Биди Зелен, Центар за климатски промени и Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.

Comments are closed.

Close Search Window