Култура|

Наградата „Роман на годината“ со својата 25 годишна традиција претставува настан од голема важност за македонската култура кој што поседува исклучителна улога во промовирање на македонските автори пред читателската публика.
Честитки за годинешната лауреатка на оваа престижна награда, писателката Лидија Димковска за романот „Единствен матичен број“, која ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“. На свеченото врачување, благодарници добија и Општина Центар и читалницата „Славко Јаневски“ како помагатели на овој значаен книжевен настан што претставува не само потврда за соработката со фондацијата, туку и афирмација на македонската литература и книгоиздаваштво.

Comments are closed.

Close Search Window