Активности, Енергија Центар|

Започна инсталирањето на Тип 3 паметните светилки во Паркот на Франкофонијата. Тип 3 светилките поради својот декоративен дизајн ќе бидат инсталирани во паркови, шеталишта, основни училишта, градинки и на други локации. Од овој тип ќе бидат инсталирани 715 парчиња со моќност на светилка од 34W. Паметните светилки имаат автоматско димирање односно прилагодување на светлината следејќи го заоѓањето на сонцето. Тоа значи дека не светат постојано со иста јачина што значи дополнителни заштеди на општинската каса.
Вложуваме во иновативни и паметни решенија кои носат заштеда на општинската каса и нови проекти за граѓаните.

Comments are closed.

Close Search Window