Активности|

Одлична дискусија имаа младите од општината на тема „Млади за почиста и позелена Општина Центар“ во Младински Центар Матично. Нивната желба да ја направат општината подобро и позелено место за живеење разви конструктивна дискусија за менаџирање на отпад, алтернативен транспорт и активности за млади.
За зголемување на јавната хигиена младите заклучија дека се потребни парични казни за фрлање ѓубре на јавни површини, повеќе канти и контејнери за селектирање на отпад, поголема информираност, повеќе патеки за точаци и тротинети, несовесно паркирање и кражби на велосипеди кои исто така влијаат на сликата за јавна чистота.Трибината беше поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, а спроведена од Македонското здружение на млади правници, Go Green – Биди Зелен, Центар за климатски промени и Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.

Comments are closed.

Close Search Window