Активности|

Општина Центар ве кани на дружба и дегустација на храна и пијалаци од домашна и европска кујна овој петок во Паркот на Франкофонија.

Настанот под наслов „Нож и виљушка на европска чинија“ ќе биде збирно место на домашни македонски угостители што ќе подготвуваат автентични домашни специјалитети, но и традиционални јадења од Австрија, Германија, Франција, Турција, Италија и други европски држави.

Настанот ќе започне од 17:00 до 19:00 часот, а посетителите покрај дегустацијата ќе имаат и можност да купат автентички прехранбени производи и пијалаци од македонски домашни производители.

За културно-уметничката програма ќе се погрижи КУД „Орце Николов”, хорот Елегија во изведба пензионерите на Општина Центар и македонско музичко дуо кои ќе ја збогатат музичката програма со изведба на англиски, француски и италијански хитови.

Ве чекаме на заедничка дружба и дегустација на различни вкусови!

Comments are closed.

Close Search Window